Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Првенство во атлетика

 

Во Националната арена „Филип II Македонски“ по втор пат се одржа општинското првенство во атлетика за основни училишта- Гази Баба 2017. Организатор на овој настан е општина Гази Баба и Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба , со поддршка од Атлетска федерација на Македонија.

Во натпреварувањата учествуваа ученици од сите основни училишта од општината.

Дисциплините во кои се натпреваруваа беа - скок во височина, скок во далечина, тркачки дисциплини на 100м, 300м, 600м, 800м, штафета 4X100м и фрлање на ѓуле.

За најдобри натпреварувачи беа прогласени:

Спринт на 100 мженски: 1 место Анастасија Караџа ОУ„Наум Наумовски-Борче“, 2 место Јасмина Блажевска ОУ „Вера Јоциќ“, 3 место Ивана Јосифовска ОУ„ Стив Наумов“. Машки: 1 место Марко Илиевски ОУ„ Наум Наумовски Борче“, 2 место Исен Амеровски  ОУ„ Дане Крапчев“ , 3 место Стефан Блажевски ОУ„ Наум Охридски“.

Спринт на 300 м- женски: Анастасија Караџа ОУ„Наум Наумовски-Борче“, 2 место Ана Марија Зафировска  ОУ„ Кирил и Методиј“, 3 место Ивана Јосифовска  ОУ„ Стив Наумов“. Машки: 1 место Марко Илиевски ОУ„ Наум Наумовски Борче “, 2 место Влатко Легруевски  ОУ„ Стив Наумов“, 3 место Емер Садкевски ОУ„ Крум Тошев“.

Спринт на 600 м- женски: 1 место Марина Димевска ОУ„ Крум Тошев“, 2 место Николина Георгиевска ОУ „Наум Охридски“, 3 место Симона Косева  ОУ„ Стив Наумов“.

Спринт на 800 м- машки: 1 место Андреј Василев ОУ„Вера Јоциќ“, 2 место Крим Бислимов ОУ„Дане Крапчев“, 3 место Стефан Божиновски ОУ„ Наум Охридски“.

 

Скок во височина – машки: 1 место Асип Асировиќ  ОУ„ Дане Крапчев“, 2 место Мартин Петар Прелиќ  ОУ„ Крсте Мисирков“, 3 место Стефан Мајсторов ОУ„ Наум Наумовски Борче“. Женски: 1 место Ева Илиевска ОУ„ Наум Наумовски- Борче“, 2 место Ива Илиевска ОУ„ Наум Наумовски Борче“, 3 место Ивана Кимевска  ОУ„ Крум Тошев“.

Скок во далечина- машки: 1 место Стефан Блажевски ОУ„ Наум Охридски“, 2 место Матеј Саздов ОУ„ Крсте Мисирков“, 3 место Леон Божиновски  ОУ„ Наум Наумовски Борче“. Женски : 1 место Ева Илиевска ОУ„ Наум Наумовски-Борче“, 2 место Ива Илиевска  ОУ„ Наум Наумовски Борче“, 3 место Самра Рамовска  ОУ„ Дане Крапчев“.

Фрлање на ѓуле- женски: 1 место Сара Максимовска  ОУ„ Дане Крапчев“, 2 место Тамара Николова ОУ„ Крум Тошев“, 3 место Маја Петровска ОУ„ Вера Јоциќ“. Машки: 1 место Давор Атанасовски ОУ„ Крсте Мисирков“, 2 место Иван Варслев ОУ„ Крсте Мисирков“, 3 место Христијан Стефановски ОУ„ Наум Охридски“.

Штафета на 4 x 100 м – женски: 1 место ОУ„ Наум Наумовски- Борче“, 2 место ОУ„Дане Крапчев“, 3 место ОУ„Вера Јоциќ“. Машки: 1 место ОУ„ Крсте Мисирков“, 2 место ОУ„ Наум Наумовски Борче“, 3 место ОУ„ Вера Јоциќ“.

05.05.2017

 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree