Првиот жител на Гази Баба во 2017
Градоначалникот Тони Трајковски и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, при универзитетскиот клинички центар, Д-р Марија Хаџи Лега, ја посетија мајката и првото родено бебе, жители на општина Гази Баба во 2017 година.
Градоначалникот Трајковски на семејството Томовски од н. Автокоманда им посака многу успешнa, среќнa и весела 2017 година, а на бебето многу здравје, убаво и безгрижно детство.
Првиот жител на Гази Баба е машко здраво бебе, Даријан Томовски, долго 51 цм и тешко 3,150 кг, од родителите Влатко Томовски и мајката која го донесе на свет Сашка Томовска.
Градоначалникот на семејството им подари 20.000,00 денари.
03.01.2017
Nike