Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Се одржа четвртиот Шаховски турнир „Гази Баба“

 

Во Хотел Континентал, по четвртипат во организација на општина Гази Баба, се одржа брзопотезниот блиц Шаховски турнир „Гази Баба“, на кој учество земаа над 120 шахисти од Србија, Бугарија, Косово и домаќинот Македонија, за кој наградниот фонд изнесуваше 70.000,00 денари.

Турнирот го отвори градоначалникот Борис Георгиевски, кој им посака добредојде на сите учесници. Тој исто така истакна дека шахот како дисциплина е воведен во основните училишта, во рамките на натпреварувањата на училишните спортски лиги, со цел поголема промоција на шахот помеѓу младите.

  • Практикувањето на шахот од најмала возраст, придонесува за поголем интелектулен развој на децата и наша заложба ќе биде што поголем број на ученици да мотивираме и да вклучиме во практикување на оваа дисциплина, истакна градначалникот Георгиевски.

Градоначалникот симболично го отвори турнирот со одигрување на брзопотезна шах партија со бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев.

По одигрувањето на 11 кола, наградите ги освоија:

  1. Филип Панчевски
  2. Кирил Георгиев
  3. Немања Живковиќ
  4. Дејан Стојановски
  5. Звонко Стојановски
  6. Влатко Богдановски
  7. Небојша Ристиќ
  8. Методи Стоинев
  9. Ндерим Сарачи
  10. Љубиша Андоновски

На најдобрите, градоначалникот Георгиевски им додели дипломи, пехари и парични награди.

18.11.2017 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree