Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Создаваме отворена и транспарентна општина, заедно со граѓаните и бизнис секторот го креираме буџетот за 2018

 

Во просториите на компанијата Арилјеметал, членка на бизнис клубот на општина, се одржа работна седница на бизнис клубот на општина Гази Баба.

На седницата градоначалникот Георгиевски ги запозна членовите на бизнис клубот со нацрт буџетот на општина Гази Баба за 2018 година. Претседателот на бизнис клубот, Богослав Ангелоски истакна дека ова е прв пат општината да го консултира бизнис секторот при носењето на буџетот.  

Компаниите членки имаа можност да дадат свои забелешки како и предлози на проекти кои би биле составен дел од буџетот на општината за 2018 година.

Општината и бизнис секторот заедно ќе го изработуваат буџетот на општината.

 

Предлозите кои доаѓаа од компаниите беа во насока на обнова на инфраструктурата, животната средина, како и носењето на урбанистички планови.

На состанокот беше договорено за 2018 година општината Гази Баба заедно со бизнис секторот да подготви план за овозможување на пракса на учениците во компаниите на територија на општина Гази баба, со која би се стекнале со потребните квалификации и би можеле да се вработат во тие компании.

Градоначалникот Георгиевски на компаниите им го презентира и планот за развој на општина Гази Баба каде се очекува влез на нови инвестиции во општината.

Покрај бизнис секторот во носењето на буџетот ќе бидат вклучени и граѓаните кој ќе имаат можност да дадат свој забелешки и предлози за новиот буџет на општината за 2018 година.

24.11.2017 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree