Создаваме план со коj ќе обезбедиме чист воздух за сите
Градоначалникот Борис Георгиевски денес учествуваше на работниот состанок со градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и градоначалниците од Скопскиот плански регион, на кој се разгледаа актуелните планови за намалување на загадувањето и се поставија насоки за преземање на идни мерки во насока за намалување на загадувањето.
Работната средба беше во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, на кој се даде осврт на моменталната состојба со воздухот во градот Скопје.
Координацијата меѓу општините и централната власт ќе биде постојана, со цел заедно секој во делот на своите законски надлежности да даде максимален придонес во решавање на проблемот со загадувањето.
Целта е од следната година граѓаните директно да ги почувствуваат мерките за намалување на загадувањето во општините на градот Скопје.
08.11.2017
FASHION NEWS