Средба со амбасадорот на Р.Чешка
Градоначалникот Тони Трајковски денес беше во посета на амбасадата на Р. Чешка каде се сретна со амбасадорот Мирослав Рамеш и заменик на амбасадорот г-динот Јожев Брож, дирeкторот на Средното угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев", Зоран Николовски и Претседателот на "Клубот на Пријатели на Македонија" од Република Чешка, г-дин Јири Бартон.
Градоначалникот изрази благодарност за поддршката и помошта кои ја овозможија околу активностите за санирање на последиците од поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба.
На средбата се разговараше и за остварување на соработка на општина Гази Баба со некоја од општините на Р. Чешка за интензивирање на меѓународните односи на економско, образовно и културно ниво, исто така и за можноста за соработка со некои од основните училишта во Чешка преку програмата ЕРАЗМУС.
Исто така разговараа и за можноста за соработка во рамки на рализација на бројни проекти поддржани од фондовите на Европската унија.
20.04.2017
nike fashion