Средба со ЕЛЕМ Енергетика
Градоначалникот ТониТрајковски организира средба со директорот на АД ЕЛЕМ – подружница Енергетика, Марјан Милошевски и претседателите на заедниците на станари од Хиподром и Триангла, од зградите кои не се приклучени на парно греење.
Целта на средбата беше искористување на топлинската енергија која е инсталирана во овие населби и искористување од страна на граѓаните во зградите кои не се приклучени на истата.
Од страна на општината и АД Елем – подружница Енергетика беше понудена помош во проектирање за изведбата и изградбата на подстаниците и инсталација на заедничката топловодна мрежа во зградите, со што во голема мерка би се подобрило затоплувањето на становите.
Ваквиот начин на затоплување би влијаел на подобрување на еколошката состојба во овие населени места, а со тоа би се намалило и оптеретувањето на електричната мрежа.
25.01.2017