Традиционална крводарителска акција во Гази Баба
Општина Гази Баба заедно со општинската организација на Црвен Крст Гази Баба и институтот за трансфузиона медицина -Скопје организираа крводарителска акција која се одржи денеска од 9 до 14 часот во големата сала на Гази Баба, на која се собраа околу 30 единици на крв.
„Изразете ја вашата хуманост и солидарност преку дарување на крв, вашата крв спасува живот, продолжува многу животи„.
Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба", апелира градоначалникот Тони Трајковски кој беше присутен на акцијата за дарување крв. Тој, исто така ја истакна активноста на ОО Црвен крст за постигнати одлични резултати минатата 2016 година, односно со собрани 4800 крвни единици беа втора Основна организација во Република Македонија.
06.03.2017
Air Jordan 1 Low "Washed Denim" 2020 For Sale – New Jordans 2018