Успешно спроведена акција на комуналната инспекција
Комуналната инспекција на Општина Гази Баба организираше акција во населеното место Вардариште каде изминатиов период е најчесто контролирано место од страна на општинската комунална инспекција со цел намалување на ризикот од потенцијално загадување на воздухот од спалување на отпад од граѓани.
Во денешната акцијата од страна на комуналната инспекција и на Министерството за внатрешни работи беше фатено лице кое палело електрични кабли со цел да се извади бакарот за продажба. Лицето ќе биде соодветно санкционирано според Законот за јавна чистота.
Апелираме до сите жители во општина Гази Баба да се однесуваат грижливо и совесно кон околината и да не спалуваат опасен отпад(гуми, кабли,мебел, отпадни грејни тела) за што би биле соодветно санкционирани.
22.02.2017