Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Увид на градежни активности

 

Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски, направија увид во градежните активности на ставање на финалниот слој на асфалт на улицата „Алија Авдовиќ“ во н.м. Сингелиќ.

По овој пат поминуваат жителите од сите населени места од Сингелиќ до Раштак, односно Стајковци, Страчинци, Виниче, Црешево, Смилковци, Булачани и Раштак.

Градот Скопје ја инвестира реконструкцијата на патот, во вредност од околу 8 милиони денари, чија должина изнесува 550 метри и широчина на коловозот околу 6 метри, со две коловозни ленти и тротоари од двете страни на коловозот.

Поставено е улично осветлување од едната страна и направена е атмосферска канализација.

Градоначалниците се заблагодарија на жителите од сите населени места кои го користат овој пат, за нивното трпение за време на изградбата на патот.

Со изградбата на овој пат ќе се зголеми и безбедноста на учесниците во сообраќајот, кој ќе биде и соодветно обележан со хоризонтална и вертикална сигнализација.

Градоначалникот Трајковски истакна дека во изминатиот период општина Гази Баба направи реконструкција на патот на потегот од Сингелиќ кон Стајковци, во должина од 1,7 км, а се работи интензивно и на санација на останатите улици низ општината, каде се вклучени Јавното претпријатие Македонија пат, за улиците кои се по програмата на Владата на РМ  и Јавното претпријатие Улици и патишта за улиците кои се во програмата на Град Скопје и опфаќаат санација на околу 80 улици оваа година.

Со овие активности ќе се подобри патната инфраструктура во општината, со приоритет на улиците во поплавените подрачја.

Градоначалниците го посетија и старото основно училиште 25 Mај, каде со директорот и учениците во дворот засадија дрва.

13.04.2017

 

 

Политика на квалитет

Слободен пристап до информации

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree