Увид во градежни активности на објектот Искра
Градоначалникот Тони Трајковски направи увид на тековните активности во објектот Искра во градинката „25 Мај“, каде се започна со реконструкција и санација, со што ке се направат подобри услови за згрижување на децата. Овој објект е изграден во 1965 година, а во него престојуваат 120 деца.
Планирана е комплетна замена на кровната конструкција во површина од околу 800 м2, комплетна замена на прозорците со енергетски ефикасни прозорци, комплетна санација на подовите со стругање и лакирање на паркетот и замена на котелот за парно греење од греење на нафта на греење на пелети, со што ќе се направи подобрување на енергетската ефикасност на објектот и заштита на животната средина.
Работите ги изведува фирмата Ингрес, а висината на средствата предвидени за санацијата и реконструкцијата на објектот Искра изнесуваат околу 2,8 милиони денари.
Работите ќе се изведуваат во две фази, во првата ќе се менува кровната конструкција и прозорците, а во втората ќе се работи на подовите во летниот период кога децата се помалку присутни во градинката и тоа нема да се одрази на згрижувачкиот дел на децата и нивните активности.
Санацијата и реконструкцијата на објектот се планира да се завршат до крајот на летниот период.
03.05.2017
Chaussures Homme J.M. Weston