Увид во градежни активности во Стајковци
Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски беа на увид на градежни активности во населеното место Стајковци, каде е во тек асфалтирање на краците на улица 5. Овие активности се продолжување со реализација на санацијата на последиците од поплавите во август 2016 година. За санација на улиците оштетени од поплавата, градот Скопје издвои сума од 150 милиони денари, од кои дел се реализираат преку ЈП Улици и патишта, а дел преку општина Гази Баба, која преку тендерска постапка избира фирма изведувач. ЈП Водовод и канализација претходно направи реконструкција на водоводната мрежа на овие улици.
Градоначалникот Трајковски најави реконструкција на улиците во останатите населени места кои беа погодени од поплавата, а согласно Програмата за санација, реконструкција и асфалтирање на улиците, ќе се продолжи со асфалтирање на улиците и во останатите населени места во општината.
Со средствата кои ги обезбеди Владата на РМ за санација на улиците оштетени од елментарната непогода, од следната недела со ЈП Македонијапат ќе се асфалтираат улиците во Ченто во делот Камник, во селото Сингелиќ, во Булачани, Брњарци, што значи дека летниот период ќе има голема активност во делот на подобрување на патната инфраструктура во општината.
12.06.2017
nike headquarters Sneakers