Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Акцијашка средба – Катланово 2018

 

Преку 100 акцијаши од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, учествуваа на акцијашката средба во Катланово во чест на одбележување на 40 години од младинската работна акција за изградба на автопатот “Братство и единство”.

На третиот јубилеј на здружението „Акцијаши“, своја поддршка дадоа градоначалникот на Гази Баба, Борис Геориевски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски.

Георгиевски пред присутните порача дека ќе докаже дека границите и политичките определби ќе ги тргне на страна, се со цел да се стави акцент на доброволното работно ангажирање, дружењето, доброволната пракса и очекува ваквите акции да се негуваат и понатаму како во Македонија, така и во останатите земји.

Шекеринска пак, им се заблагодари на присутните акцијаши кои голем дел од нив помагаа и учествуваа во неколку акции меѓу која и во санирањето на штетите по поплавите во Стајковци и изрази задоволство што денеска заедно со возрасните, учествуваат и млади акцијаши.  

Директорот на ДЗС рече дека природата е немилосрдна и затоа а граѓаните ќе мора да се грижат за нивната безбедност и да се градат сигурни и безбедни градови.

Здружението „Акцијаши“ со поддршка на општина Гази Баба, преку работни акции, одбележа три јубилеи и тоа  „Скопје на нашите дланки“ по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во главниот град, 70 години од работната акција за изградба на браната и хидроцентралата „Вруток“ - „Маврово 48“ и 40 години од изградбата на автопатот „Братство и единство“.

 

29.07.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree