Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Гази Баба, министерството за животна средина и Инспекторатот на Град Скпје заеднички ќе се борат квалитетен воздух во општината

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, одржа состанок со заменик - министерот за животна средина, Јани Макрадули и раководителот на инспекторатот  на Град Скопје, Мирослав Богдановски, на која дискутираа за проблемите со квалитетот на воздухот во општината.

На состанокот беа посочени веќе лоцираните критични точки кои се директни загадувачи на воздухот, а кои во идниот период во координирана и континуирана акција истите ќе се следат. Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекцијата од општина Гази Баба, ќе ги употребат сите законски мерки за утврдување на причините за загадување, по што ќе следуваат и соодветни санкции.

Инспекторите од Град Скопје и од општина Гази Баба, согласно лиценцата ќе извршат проверка на интегрираните еколошки дозволи и дали компаниите ги почитуваат мерките.      

Меѓудругото, на состанокот од министерството за животна средина посочија дека во најкус временски рок во општина Гази Баба, старата и нефункционална мерна станица, ќе биде заменета со нова, со цел жителите на оваа општина во секое време да имаат информација за нивото на квалитетот на воздухот.

Во периодот кој што следува, инспекторатот на Град Скопје заедно со општините во главниот град како и со комуналните редари, ќе имаат континуирани заеднички активности на веќе лоцираните црни точки на загадувањето на воздухот.

Покрај ова, во акцијата за чистење и подобрување на животната средина во општина Гази Баба, која стартуваше на 10-ти овој месец, покрај институциите кои веќе се вклучени во акцијата како што се град Скопје, ЈП Паркови и зеленило, ЈП комунална хигиена и ЈКП Гази Баба 2007, ќе се вклучи и компанијата Арчилор Митал, како компанија која што е заинтересирана да придонесе за подобрување на животната средина. 


13.09.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree