Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Гази Баба се грижи - Приклучете се на месецот на хуманост

                                                          

 

     

 

Гази Баба се грижи - Приклучете се на месецот на хуманост

Општина Гази Баба во периодот 2.10 до 2.11 ја реализира досега најголемата хуманитарна акција насловена „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“. Оваа акција опфаќа донирање на храна, облека и мебел за лицата од ранливите категории. Исто така, ќе бидат опфатени и еко акции за чистење на неколку клучни локации во општината, активности за подигање на свеста за селектирање, рециклирање и собирање на отпадно масло за јадење, како и посебни денови за грижа за домашните миленичиња.

Месецот на хуманост претставува најголема хуманитарна акција од ваков тип која досега ја организирала една македонска општина. Акцијата поврзува и повеќе граѓански организации, општествено-одговорни компании, како и сите граѓани кои сакаат да се приклучат и на дело да ја покажат својата хуманост и солидарност.

Партнери на Општина Гази Баба во спроведувањето на оваа акција се „Сите Сити - Ајде Македонија“, „Љубезност“, „Црвен Крст при Гази Баба“, „Копче“, „Ретвитни оброк“, „Лице в лице“, „Пакомак“, „Суниленс“, „Нула отпад“ и „Шепасти ентузијасти“. Исто така, во акцијата „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“ ќе бидат вклучени сите вработени во општинската администрација, бизнис заедницата, како и огромен број на јавни личности и волонтери кои несебично се понудија да го дадат својот придонес во рамките на оваа активност.

Со ова акција, Општина Гази Баба сака да покаже дека секој граѓанин за нас е важен и добива еднаква шанса. Хуманоста и солидарноста се од најголема важност, особено во период кога се соочуваме со Ковид-19, вирус кој ни го промени животот, но и остави многу наши сограѓани со нееднакви шанси и можности за секојдневно функционирање и егзистенција.

За таа цел, сите граѓани кои сакаат да се вклучат во оваа акција можат да купат и донираат прехранбени производи, хигиенски средства или облека секој работен ден помеѓу 10 и 17 часот на следните пунктови во Општина Гази Баба:

Дим Маркет во Железара
Кит-Го маркети и Кам маркет во Автокоманда
ДИМ маркет во Стајковци
S-market во Ченто

Дополнително, стариот мебел кој често завршува пред контејнерите, во рамките на оваа акција, граѓаните ќе можат да го донираат на семејства од ранливи групи.

Да покажеме заедно дека #ГазиБабаСеГрижи!

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree