Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Георгиевски: Даваме поддршка за секоја фирма, домашна или странска, отворени сме за соработка со сите

Денес заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев на седницата на Бизнис клубот на општина Гази Баба, разговараме за мерките од планот за економски раст на Владата со кои се дава поддршка на малите и средни компании.

Оваа работна средба со вицепремиерот ја користиме да ја пренесеме и нашата идеја за оформување на општинско јавно претпријатие кое би управувало со четирите индустриски зони во општината, со цел подобар развој на самите зони, нови инвестиции, а со тоа и подобри услови за граѓаните во општина Гази Баба.  

Како општина отворени сме за соработка и даваме целосна поддршка на секоја фирма без разлика дали е домашна или странска. 

Во таа насока веќе се работи на предлог измени на седум Детални урбанистички планови, со цел да се изнајде решение за проблемите во делот на инфраструктурата, легализацијата на објектите кои компаниите ги имаат подолг период.

Затоа, општината превзема обврска да обезбеди добра инфраструктура до секој објект на компаниите, како и приклучок на гасоводот.

Општина Гази Баба веќе во овој буџет за 2018 има планирано средства во висина од 300.000 денари, со кои ќе даде директна поддршка на млади невработени лица за три бизнис идеи за отворање на Старт Ап бизниси.

Изнајдовме начин како на младите од Гази Баба, во трите средни стручни училишта преку Регионалниот Центар за дуелно образование, да им обезбедиме реална практична работа во компаниите, а со тоа и можност за вработување.

Морам да ја нагласам добрата соработка на бизнис секторот со општината. Многу од компаниите кои работат во општина Гази Баба како општествено одговорни компании повеќе пати донирале материјали и средства за објектите во надлежност на општината, како што се градинки и училишта.

30.03.2018 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree