Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Георгиевски: Со новата еко зона, се ослободуваме од електронскиот отпад и добиваме поздрава животна средина

Изјава
Борис Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба
Скопје, 09.03.2018

 

Здравјето, односно здравата животна средина во која живееме сега ние, а во иднина и нашите поколенија е од суштинско значење.

Со брзиот развој на технологијата доаѓа и до големи количини на електричен и електронски отпад , кој иако навидум изгледа дека не би ја загадувал околината во која живееме, воопшто не е така.

Токму со неговото несоодветно исфрлање и уништување доаѓа до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, а со тоа и загрозување на животната средина во која живееме .

Со  цел подигнување на свеста за оваа опасност, компанијата Нула отпад организира разни акции со цел информирање на граѓаните за опасноста од електронскиот отпад, како и насочување на истите, како и каде би можеле да се ослободат од него.

 Општина Гази Баба се грижи за своите жители и ја поддржува акцијата на Нула отпад и во контекс на тоа, денес во населбата Автокоманда во општината Гази Баба се поставува еко зоната на Нула отпад.

Ги повикувам жителите на општина  Гази Баба да се приклучат кон оваа акција. Да го пријават електричниот и електронскиот отпад, но, и да се ослободат од малите неисправни уреди – батериите, фрлајќи ги во наменските садови поставени во Автокоманда.

Габаритниот електронски отпад може да се пријави на 070-236-000, а екипите на Нула Отпад организираат директно собирање на отпадот од домовите на граѓаните.

09.03.2018 

 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree