Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Георгивски: Мерки за јакнење на енергетската ефикасност, создраваме услови за чиста животна средина

Почитувани,

Граѓаните се јасни во своите барања за чист воздух и здрава животна средина.

Создадовме план и проекти со кои обезбедуваме услови за здрав живот за сите.

Согласно буџетот за 2018 год. општината распиша повеќе јавни повици кои се дел од мерките на општината во делот на енергетската ефикаснот.

Сакајќи да се стимулираат жителите на општината за примена на почисто гориво за затоплување на домовите, ќе субвенционираме купување на печки на пелети. Во буџетот имаме планирано 3 милиони денари за овој проект.

Општината ќе надомести 70% од трошоците за набавка на печка на пелети, за оние домаќинства кои ќе набават печки, во рокот кој е пропишан во јавниот оглас.

5.500.000 денари планираме за доделување на 100% финансиска поддршка на куќните совети за реконструкција на кровови на 10 станбени згради, за што е распишан и јавен повик.

Целта на оваа мерка е замена на старите азбестни кровови, како и остварување на еден од условите со кои потоа може да се изготви енергетски ефикасна фасада.

Како општина, подготвуваме план со кој ќе го започнеме процесот за поставување на енергетски ефикасни фасади на станбените згради.

Преку овие мерки за јакнење на енергетската ефикасност, создаваме услови за чиста животна средина.

Оваа година општината заедно со ЕЛЕМ ќе започне со подготовка на проектна документација за изведба на топловодна инсталација во новата населба Хиподром 2.

Со овој проект излегуваме во пресрет на граѓаните и планираме да извршиме приклучок на повеќе од 1000 домаќинства на топлинска енергија во населбите Хиподром 1 и Хиподром 2. Наместо затоплување на дрва, на граѓаните ќе им овозможиме затоплување на топлинска енергија, со што ќе се влијае во намалување на загадувањето.

Покрај проширувањето на топлинската мрежа, како општина работиме на подготовка на проекти и планови за гасификација на општината.

Општината Гази Баба работи во интерес на граѓаните.

Грижејќи се за безбедноста на граѓаните, распишан е и јавен повик за реконструкција на лифтовите во станбените згради.

Со овој проект планираме реконструкција на 5 лифтови во станбени згради, како и поставување на нови, за што во Буџетот имаме 2 милиони денари.

Како градоначалник на општина Гази Баба ги повикувам сите граѓани, сите куќни совети, кои ги исполнуваат условите предвидени во јавните огласи да аплицираат.

Искористете ја оваа можност која ја дава општината преку мерките за енергетска ефикасност.

За повеќе детали околу роковите, како и условите пропишани во јавните огласи, граѓаните ќе можат да ги видат на веб страната на општината, како и во два печатени медиуми.


12.04.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree