Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Градоначалникот Георгиевски се сретна со претставници на највисокиот менаџмент на компанијата Telamon и Теламон Европа

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски и министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, се сретнаа со претставници на највисокиот менаџмент на компанијата Telamon и Теламон Европа кое имаат свое претставништво во Инџиково, на територија на општина Гази Баба. Компанијата се бави со производство на сигурносни појаси и воздушни перничиња.

На работниот состанок, претставниците на Теламон ги инфорираа присутните дека нивната компанија која стартувала со работа во јули со само 3 вработени, сега има вкупно 37 работници. Во меѓувреме тие веќе ги поставиле ресурсите, опремата и материјалите. Досега произвеле над 1.000 тест примероци, а со производство ќе започнат во октомври. Според нивните најави, во наредниот период, во компанијата ќе бидат вработени уште 37 лица.  

Едниствен проблем со кој се соочува оваа компанија е патното поврзување.

Георгиевски пред присутните посочи општина Гази Баба заедно со град Скопје веќе интензивно работат на решавање на овој проблем. Ќе се гради приклучок и паралелна улица со обиколницата во неколку ленти, која ќе им овозможи на вработените лесен пристап до работното место, наместо да кружат низ населеното место Ченто за да дојдат до Инџиково.

Покрај ова, градоначалникот посочи дека ќе биде лојален партнер за соработка на секоја компанија која ќе сака да гради и да се развива на територија на општина Гази Баба и дека е прва општина која обучува кадри за повеќе квалификации кои се користат во овој тип на компании.


11.09.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree