Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Набавуваме таблет за учениците и компјутери на наставниците за успешен почеток на онлајн наставата

 

     Општина Гази Баба подготвена ќе го дочека новиот почеток на учебната година. Сите 11 основни училишта во општината се спремни за оддржување на комбинирана настава, и со физичко присуство и он лајн.

 Трудот кој што го вложивме во летните месеци ни овозможи навремено да се разработат протоколите, да се постават пунктови за дезинфекција, да се осмислат патеки за безбедно движење на учениците.

За да бидеме целосни во извршувањето на обврските, како општина започнавме набавка на компјутери за наставниот кадар со цел успешно спроведување на онлјан наставата, а особено е важно да напоменам дека набавуваме и таблети за учениците кои немаат како да ја следат онлајн наставата и со средства на општината и МОН се набавуваат 350 уреди.

Особено ни значи што во оваа акција и општествено- одговорни компании ни помагаат со донирање на смарт таблет уреди за учениците и веќе десетина од нив својата донација ја доставија во општината, а најави дека ќе ни се придружат во акцијата стигнаа и од уште неколку фирми.

 Уште посреќен сум што и родители се вклучуваат во оваа акција кои во училиштата донираат стари смарт уреди кои сакаат да ги донираат на дечиња кои немаат смарт уред.

 Општина Гази Баба веќе 3 години не прекинато вложува во образованието, во обезбедување на услови за децата затоа што тие се нашата иднина а така ќе продолжиме и во иднина!

29.09.2020 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree