Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општина Гази Баба ќе работи на разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора, чии делови се прогласени за ерозивни подрачја

 

Делови од Скопска Црна Гора се прогласени за ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија, две нивоа кои означуваат дека постои трошење на земјата во овој предел. Како најкритични, експертите ги посочија селата Раштак, Булачани, Црешево, Страчинци и Брњарци, а има и опасни водотеци кои исто така доведуваат до водна ерозија.

Според истражувањата на тим од професори од Шумарскиот факултет, вкупната површина на ерозивно подрачје во оваа општина е 3441 хектари.

Токму затоа, општина Гази Баба, заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, ќе работат за разрешување на проблемите со поројните води на Скопска Црна Гора. Со заеднички средства ќе изработат студија преку која ќе ги мапираат проблемите, за ефикасно да бидат решени.  

Целта е преку овој долгорочен проект да се спречи водната ерозија во овој регион и никогаш да не се дозволи да се повтори катастрофалната поројна поплава која се случи во август, 2016 година, во која најзасегнати беа токму овие села во подножјето на Скопска Црна Гора.

 


03.07.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree