Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Општина Гази Баба спроведе акција за пошумување на Скопска Црна Гора, засадуваме 15.000 багреми

 

  Општина Гази Баба води сметка за животната средина и за заштита на ерозивните подрачја на своја територија. Во Страчинци се засадуваат 15.000 багреми. Ова место е одбрано за оваа акција затоа што според студијата за ерозија која ја направивме како општина со експертите од Шумарскиот факултет, Страчинци заедно со населените места Раштак, Булачани, Црешево, Виниче и Брњарци, спаѓаат во едни од најкритичните ерозивни подрачја во општината.

- Затоа засадуваме багреми, кои лесно се зафаќаат како дрвја и кои ја собираат водата од почвата и прават заштита за идните поголеми количества на вода од дождовите кои што можат да бидат причина за ерозија на почвата, особено на вакви суводолици. Со ова, во иднина ќе се спречи создавање на елементарни промени на почвата од големите количества на вода кои носат големи ерозивни наноси кои предизвикуваат големи штети. Оваа акција е од големо значење за овој регион кој е суводолица токму поради бесправната и дива сеча која во последните 10 години има се поголем замав на Скопска Црна Гора. Од друга страна, овој регион неколку пати беше зафатен од пожари во летниот период со што значително го збогатуваме шумскиот фонд, рече градоначалникот Георгиевски.

Целта е да се спречи водната ерозија во овој регион и никогаш да не се дозволи да се повтори катастрофалната поројна поплава која се случи во август, 2016 година, во која најзасегнати беа токму овие села во подножјето на Скопска Црна Гора.

    • Во изминатите 2 години извршивме чистење на речните корита во Црешево, Виниче и Страчинци каде што се чистеа каскадните постави на каналите се со цел да се ублажи големото количество на вода од овие пределени како и да нанесе штета. Заедно со краткорочните мерки кои предвидуваат чистење на каналите и пошумување, како долгорочна мерка општина Гази Баба изработи нов основен проект за нов ободен канал кој што предвидува да ги собере сите речни корита и суводолици почнувајќи од поројните реки кои доаѓаат од атарот на село Црешево, Виниче, Страчинци и Брњарци, за да на крај се влее во ододниот канал и не дозволи да направи штета на инфраструктурата земјоделието и како што беше случајот во 2016 година по поплавата.

Општина Гази Баба и Владата преземаат конкретни мерки за заштита на животната средина, но граѓаните мора да вклучат во одржувањето на околината околу себе затоа што секој наш труд нема да исплати доколку жителите и понатаму ги сечат дрвјата кои ние ги садиме, да ги полнат каналите кои ние ги чистиме и намерно да предизвикуваат пожари само за свои цели. Колку повеќе се вклучиме во чувањето и одржувањето на животната средина, толку повеќе ќе ја имаме, од нас зависи, посочи градоначалникот на општина Гази Баба.

Акцијата за пошумување ја поддржаа Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заменик - министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, Дејан Павлески, заменик – министер за локална самоуправа, од ЈП Национални шуми, спортисти, волонтери, акцијаши и граѓани.

19.12.2019 

Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree