Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Полуматурски танц - ОД ПОЛУМАТУРА ДО ТАНЦ КУЛТУРА

На Плоштадот во Автокоманда, под покровителство на општина Гази Баба, во соработка со Училиштето за танци „Еурека“, по првпат го организираа полуматурски танц на учениците од сите основни училишта во Гази Баба - ОД ПОЛУМАТУРА ДО ТАНЦ КУЛТУРА.

Преку 600 ученици се движеа од н. Железара до плоштадот во Автокоманда, каде заедно со членовите од „Еурека“ го одиграа својот полуматурски танц, кој симболизира радосен премин од детство кон тинрјџетски години и продолжување со понатамошно школување.

Пред присутните ученици, директори на основните училишта, наставниците и гостите, се обратија директорката на "Еурека", Катерина Јолаковска и градоначалникот Борис Георгиевски, кој на полуматурантите им посака успешно продолжување со своето образование, а воедно и ја отвори оваа манифестација.

Во забавниот дел учествуваа Тања Би и Александар, Јане Дунимаглоски, Марија Спасовска, Теа и членовите на училишптето за танци "Еурека".


07.06.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree