Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Учениците од основните училишта добија едукативни часови на тема „Чиста вода“

 

      По инсталирање на системите за филтрирање на водата за пиење со минерализаторво три основни училишта (О.У. Крсте Мисирков, О.У. Григор Прличев и ОУ Н.Н.Борче) и три објекти на градинки во општина Гази Баба (Сончоглед, Детелинка и Калинка), од страна на тимот на Бентен Пан и представници од општина Гази Баба, беа организирани и едукативни часови на тема чиста Вода.

    Во зависност од возраста на децата кои присуствуваа на овие часови беше дискутирано за важноста на чистата вода во нивниот живот. 

    Кај повозрасните деца беше презентиран техничкиот опис на системот за прочистување на водата, за реверзна осмоза како најсовремена технологија во моментот за прочистување на водата за пиење. 

    Дружењето со малите деца беше посебно искуство. Препознавајки ги својствата на загадената и нечиста вода, заклучија дека дека секоја чиста вода нема мирис, вкус и боја. Сите се согласија дека пиењето на чиста вода е најздравиот напиток за нивниот правилен раст и развој, и дека создавањето на здрави навики е безценето. Часовите завршуваа со песни за водата и весела детска игра.

    Задоволството беше  големо, кога децата со нетрпение чекаа ред да пробаат чаша чиста вода.

 

19.09.2019 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree