Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Георгиевски со честитка за 8 март: Останете силни, храбри, истрајни, бидејќи вие не сте само столбот во семејството туку и во општеството!

Почитувани жени!

Поминаа над 100 години од моментот кога се дигна женскиот глас и кога жената се исправи гордо и побара исти права како и мажите, односно побара право за рамноправност!

Иако борбата за рамноправност трае сеуште , бидејќи има делови од светот каде жената сеуште нема право на глас, борбата продолжува .

 Можеме да кажеме дека жената денеска стои на многу високи позиции во општеството и почитувана на исто рамниште со мажот,но сепак има уште многу жени кои сеуште ја трпат дискриминацијата , само затоа што се жени.

И во Македонија борбата против дискриминацијата сеуште трае, борбата за право на глас сеуште постои, но се надеваме дека свеста за значењето на жената во општеството се буди и дека се движиме во позитивна насока!

Сепак, она кое што ни останува е да ја дадеме целосно  нашата подршка против дискриминацијата на жената во денешницата.

Жени останете силни,  храбри, истрајни  како и досега , бидејќи вие не сте само столбот во семејството туку и во општеството!

Сметаме дека жената треба да се почитува секој ден , а овој ден нека биде само потсетување токму на тоа!

08.03.2018 

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree