Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена



 

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11,123/12 и 93/13), Општина Гази Баба, на ден 23.04.2015 година, донесе

 

 

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

 

 

  1. За планскиот документ Локална Урбанистичка Планска Документација, за изградба на резервоар за вода на дел од КП 577/2 КО Раштак Општина Гази Баба - Скопје ,кој се носи согласно Закон за просторно планирање (Сл. Весник на РМ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и подзаконските акти што произлегуваат од него, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обрабока на урбанистичките планови (Сл. Весник на РМ бр. 78/06 и 37/14) и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр. 63/12, 126/12, 19/13, 95/13, 167/13, 37/14, 125/14 и 148/14) не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

  2.  

  3. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Гази Баба www.gazibaba.gov.mk.

  4.  

  5. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Локална Урбанистичка Планска Документација за за изградба на резервоар за вода на дел од КП 577/2 КО Раштак Општина Гази Баба - Скопје, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: се работи за мал опфат (216,70м2) и намена Е2 - комунална супаструктура (резервоар за вода) и влијанието врз животната средина од активностите е мало, а истото треба да се обработи на ниво на проект во Елаборатот за заштита на животна средина.

  6.  

  7. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерство за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

Бр. 28-3/837-3 oд 23.04.2015 година

Место Скопје

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Тони Трајковски

 

 

 

 

 




 

 

Стратешки цели на општина Гази Баба

 

 

Визија на општина Гази Баба е да биде дел од главниот град на РМ со квалитетни урбани услуги и ефикасен урбан менаџмент, конкурентна економија и одржлив економски раст, висок квалитет на живеење и здрава животна средина, атрактивна за бизнис, домување и туристи и развивање на спортот на европско ниво.

Стратешки цели на Стратегијата за локален економски развој на општина Гази Баба се: подобрување и унапредување на условите за живеење во општина Гази Баба, да се прошири и диверзифицира економската база во општина Гази Баба преку зголемување на нивото на инвестиции, да се создаде интегрирана локална заедница, да се привлечат странски инвеститори, да се развие спортската дисциплина на повисоко ниво.

- Да се поттикне локалната заедница да преземе конкретни обврски и грижа за животната средина;

- Да се планира развојот на општината Гази Баба врз основа на реалнирасположиви ресурси, врз принципите на одржливост;

- Во соработка со други институции, од страна на локалната самоуправа да се прават напори за остварување на утврдените приоритети;

- Да се одржува рамнотежа во системот животна средина на локално рамниште;

- Да се подобрат водоснабдителните ситеми во руралните средини на територија на општината, со што би се подигнал квалитетот на живеење на населението, а со тоа и развојот на населените места, би се создале услови и за развој на рурален туризам и генерално подобрување на амбиенталната средина;

- Да се покренуваат конкретни активности на локално ниво, во вид на акции и мерки за подобрување на квалитетот на живеење во Општината, кои ќе обезбедуваат подигање на свеста на населението за значењето на заштитата и унапредувањето на животната средина;

- Поврзување на општинско, регионално, државно и меѓународно ниво во насока на обезбедување подобри услови за живеење и работа, развивање на спортски активности.

 


11.05.2015

 

 

Ανδρικά Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree