Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Програмата Градиме здрава, зелена и безбедна иднина

Програмата Градиме здрава, зелена и безбедна иднина


 

По повод 5 јуни-Светскиот ден на животна средина и Европската зелена недела на одржлив развој, во Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, се одржаа повеке активности, каде официјално се промовираше и соработката помегу општина Гази Баба и Факултетот за Земјоделски науки и храна, од Eко Eдукативната програма Градиме здрава, зелена и безбедна иднина, во која во прва фаза се опфатени градинките и основните училишта од општината.

 

Се реализира акција за засадување цвеке, посета на опитните расадници, музејската поставка во факултетот, како и едукативно предавање со презентирање на кратки филмови со тема: Еко едукативни училишни градини, работилница - Креативен отпад,каде свое учество зедоа и децата од детските градинки Детска радост и 25 Мај,заедно со нивните воспитувачки и Центарот за кариера при ФЗНХ.

 

На настанот присуствуваа и претставници од општина Гази Баба.

 

Програмата Градиме здрава, зелена и безбедна иднина ќе се спроведува преку Кариерниот центар на ФЗНХ, со посебна програма за реализирање на практична настава на студентите преку едукативно-креативни програмски активности за зачувување на биодиверзитетот и животната средина.

 

Во рамки на факултетот, започнувајки од учебната 2015/2016 ќе функционира и Демо-градина:Еко училница – зелена работилница, со приоритет на негување на автохтони семиња и сорти на голем број земјоделски култури,со акцент на вертикални градини,при што целта е квалитативно и квантитативно зголемување на понудата на активности со вклучување на младите лица ( од урбаната и од руралната средина) во различни сегменти од областа на земјоделските науки, со создавање на врска меѓу производството и преработките на храна и традицијата како важни сегменти во општеството.

 


08.06.2015

 

 

 

Ανδρικά Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree