Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Отпочнување со изградба на кружен тек во Гази Баба

Отпочнување со изградба на кружен тек во Гази Баба


 

Денес (23.08.2015 год.) помеѓу улицата „16-та македонска бригада“ и улицата „Коце Металец“ во Автокоманда претседателот на Влада на РМ, Никола Груевски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот Тони Трајковски, официјално означија почетокот на изградба на уште еден капитален инфраструктурен проект во општина Гази Баба – проект за изградба на кружен тек.

 

Со овој проект, на местото на постојната крстосница помеѓу овие две улици, ќе се формира кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60м.

 

Во самиот кружен тек ќе се формираат две сообраќајни ленти, со вкупна широчина од 9м.

 

Како дел од овој проект ќе се изврши и реконструкција на коловозот на улицата „16-та Македонска бригада“ во должина од 390м, како и на дел од улицата „Коце Металец“.

 

Околу кружниот тек и на влезните улици ќе се направи нов тротоар, со широчина од 3 м и велосипедска патека, со широчина од 2,5м. и ќе се постави ново улично осветлување.

 

За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек, ќе се изгради атмосферска канализација со цевки со пречник од 400мм и 600мм во должина одс 634м, а во текот на градежните работи ќе се направи и заштита на гасоводната цевка и реконструкција на водоводната мрежа со цевки со пречник од 200мм, во должина од 52м.

 

Работите ќе ги изведува градежната фирма „Бауер БГ“, а градот Скопје за реализацијата на овој проект ќе потроши околу 45 милиони денари.

 

Рок на завршување на градежните работи е 180 работни дена.

 

Претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски во своите обраќања пред присутните, истакнаа дека со реализација на овој проект, каде бројот на учесниците во сообраќајот на овој потег е голем, бидејќи оваа сообраќајница ги поврзува општината Гази Баба преку Автокоманда и Железара со општините Чаир и Бутел и каде се наоѓаат голем број на институции, како што се индустриската зона Железара, средното училиште „Панче Арсовски“ и двете здравствени инститиции, Здравствениот дом Железара и клиниката РЕ Медика, ќе се зголеми протокот и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 


23.08.2015

 

 

 

adidas Yeezy 350

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree