Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Атлетска трка „23-ти Октомври“

Атлетска трка „23-ти Октомври“


 

По повод 23-ти октомври, Денот на македонската револуционерна борба, и во пресрет на 3ти ноември Денот на општина Гази Баба, општината заедно со град Скопје и атлетското здружение „23-ти Октомври“, во парк шумата Гази Баба организираше атлетска трка.

 

Трката беше во поделена на два дела, рекреативна трка на 5 км и полумаратонска трка на 21км.

 

Овој спортски настан е со цел да се промовира парк шумата Гази Баба како идеална локација за разни спортски активности и рекреација , како и граѓаните повеќе да се запознаат со нејзините предности и убавини.

 

Во рекреативната трка на 5 км медали и подароци од спонзорите добија: во машка категорија: 1 место Пепи Анакиев, 2 место Дарко Поп Ацев, 3 место Игор Стојановски, додека пак победници во женска категорија се: 1 место Минов Сузана, 2 место Еми МекКолдерк, 3 место Моника Самарџиоска.

 

Во полумаратонската трка на 21км , медали,подароци од спонзорите и парични награди во машка категорија добија : 1 место Кокан Ајановски- 4000 денари, 2 место Дарио Ивановски-3000 денари, 3 место Игор Јакимовски- 2000 денари, додека пак победници во женска категорија се: 1 место Росица Костова- 4000 денари, 2 место Благица Јованова- 3000 денари, 3 место Андријана Поп Арсова- 2000 денари.

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски присуствуваа на настанот и на победниците им ги врачија наградите и им честитаа за успехот .

 


23.10.2015

 

 

/Nike_7_1

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree