Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Бизнис Иновативен Форум 2015

Бизнис Иновативен Форум 2015


 

Денес (23.01.2015) во општина Гази Баба се одржа вториот по ред бизнис иновативен форум кој од 22 – 25 јануари се одржува во Република Македонија.

 

На почетокот на бизнис форумот, пред присутните гости и учесници се обратија, Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, кој истакна дека на овој начин има можност да се размени искуство со бизнисмените од Македонија и странство и да се разгледа можноста за заедничка соработка во насока на искористување на ЕУ фондовите.

 

Општината во изминатиот период со повеќе партнери склучи договор за заедничка соработка и формираше конзорциум во кој членуваат претставници од академскиот, јавниот, приватниот и невладиниот сектор. Целта ни е заеднички поуспешно да се подготвиме за искористување на ЕУ фондовите.

 

Фокусот на овој бизнис форум е иновативноста и поддршката преку регионална и интернационална соработка, на кој учествуваа домашни и странски претставници на институции, асоцијации и институти, kako Општина Гази Баба, Општина Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа и технолошкиот парк, EMKICE – Euro-Macedonian knowledge and innovation Centre, Илумине – Центар за развој на ИКТ во образованието, Агенција за поддршка на земјоделието на РМ, Високи претставници од нашите странски партнерски мрежи (EBN, WestBIC, EBAN, Finnovaregio, TBAA), кои на овој бизнис форум одржуваат панел дискусии на следните теми:

 

1. „Економскиот развој и можностите за креирање на работни места за периодот 2015 – 2020г. преку регионална меѓусекторска соработка и подршка за бизнис иновации,.

- a. Панел дискусија на сите засегнати страни – креаторите на економските политики, компаниите, претставници на академската заедница, претставници на коморите, и претставници на меѓународни асоцијации и организации

 

2. Улогата на Коморите и Кластерите во иновативната подршка,

- a. Претставниците на коморите ги презентираа своите размислувања и согледувања

 

3. Улогата на Универзитетите во подршката на бизнис иновациите

- a. Претставници на Универзитетите ги претставија своите согледувања и размислувања

 

4. Развој на Бизнис иновативни центри како форма на иновативна подршка,

- a. Нашите гости од Ирска, Брисел, Валенсија и Германската Техничка помош, ги презентираат најдобрите практики и искуства во развојот на Бизнис Иновативните центри во ЕУ.

 

5. Жени Инвеститори и Претприемачи за иновативни бизниси

- a. Претставници на меѓународни и домашни организации заедно со сопругите на амбасадорите во РМ ги претставија своите размислувања и најдобри практики од земјите од каде што доаѓаат.

 

6. Соработка за подршка на МСП – Меѓународна соработка и Локален економски развој,/p>

- a. Промоција на www.cossme.mk COSSME.MK мрежата и канцеларијата во Брисел за поддршка на ЕУ фондови, како и акцентирање на аспекти од меѓународната соработка со нашите странски партнерски мрежи (EBN, WestBIC, EBAN, Finnovaregio) и ЛЕР во партнерската соработка за подршка на МСП.<

 

7. Медиумите и европските фондови

- a. И на 25 Јануари на премисите на УЈИЕ во Скопје, ќе се одржи Информативен ден за сите претставници на печатените и електронски медиуми, продукциски куќи и медиа агенции во РМ за програмите на европските фондови (HORIZON 2020, COSME, MEDIA и др.) кои се интересни за медиумската индустрија.

 


23.01.2015

 

 

 

Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree