Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Делегација на општина Гази Баба беше во службена посета на општина Јунусемре

Делегација на општина Гази Баба беше во службена посета на општина Јунусемре 


 

Делегација на општина Гази Баба предводена од Тодор Петров, беше во службена посета на општина Јунусемре во градот Маниса во Република Турција. Делегацијата учествува на манифестацијата “Меѓународни денови на општина Јунусемре“, под мотото “Дојдете да се дружиме“.

 

Меѓународната манифестација за првпат се организира годинава и ќе прерасне во традиционална. На прославата посветена на животот и делото на познатиот дервиш и поет Јунус Емре, по чие име го добила името оваа општина, присуствуваа градоначалникот на општината Кавакл’дере од Турција и градоначалникот на општина Завидовиќи од Босна и Херцеговина, со кои општина Јунусемре потпиша меморандуми за соработка и се збратими. На симпозиумот за животот и делото на Јунус Емре имаше гости од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Иран и Казахстан.

 

Делегацијата на општина Гази Баба на градоначалникот на општина Јунусемре д-р Мехмет Черчи, му подари скулптура од Големата Мајка од археолошкиот локалитет Тумба Маџари.

 

При посетата, договорено е потпишувањето на Меморандумот за соработка и збратимување меѓу општините Јунусемре и Гази Баба, да се изврши меѓу двајцата градоначалници дополнително.

 

Општина Јунусемре е една од двете централни општини во градот Маниса, со кој е збратимен градот Скопје. Градот Маниса има 17 општини во Егејскиот регион на Турција. Јунусемре е индустриска, културна и трговска општина и има 199.683 жители според статистичките податоци во 2014 година.

 

Јунусемре со Законот број 6360 донесен од Големото Турско Сoбрание на 12 ноември 2012 година, е формирана како нова општина со поделба на централната општина Маниса во две нови централни општини Јунусемре и Сехзаделер. Со овие две централни општини, Маниса има статус на Град.

 

Јунусемре е на само 20 минути далечина од Измир, што дава предност да биде трета по развиеност општина во земјата и има една од најголемите и најразвиени организирани индустриски зони во земјата. Звучни брендови и компании како Вестел Груп, Индесит, Бош, Шнајдер, ЕЦА, Екзаџибаши и Улкер ја прават општината позната по нејзиното индустриско производство.

 

Покрај земјоделството, производството на храна и зејтин од маслинка, важен извор на приходи на Маниса е индустријата. Маниса секако е важен земјоделски регион и производител на храна во Турција, а сто така е позната по нејзините виногради и многу вкусно грозје.

 

Располага со една од најплодните почви во Турција што дава предност за органско производство, а тоа придонесува за развојот на еко-туризмот во последните неколку години.

 

Планината Спил во непосредна близина на Јунусемре, висока 1517 метри, е богата со археолошки локалитети како митолошкото место Кибеле, има бројни кањони и долини и прекрасни панорами на околината, а го има и еден од најпознатите национални паркови во Турција.

 

Уште повеќе, Маниса е избрана за најдобар град за инвестирање во 2004 година од Financial Times, рангирана е во седумте градови со најголеми приходи од 7.116.049.087 турски лири во 2011 година и станува место каде што овие институции и компании живеат.

 

Најпознат настан во Маниса е “М’с’р Фестивалот“ кој се слави секоја година во Јунусемре, како централна општина во Маниса. М’с’р фестивалот во Маниса се слави 474 години.

 

На Џелал универзитетот во студентските домови Унџубозќој и Мурадије има околу 20.000 студенти.

 

Во градот се наоѓаат со пет ѕвездички Анемон Хотелот, Сарухан Отел, Арма Хотелот и други бројни хотели што ги пружаат сите услуги на бројните туристи.

 


27.10.2015

 

 

Nike Air Force 1 07 Premium Just Do It AR7719-100 Shoes – Buy Best Price Adidas&Nike Sport Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree