Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Доделени благодарници по повод Денот на крводарителите

Доделени благодарници по повод Денот на крводарителите


 

По петти пат, традиционално и оваа година Општина Гази Баба во соработка со Општинската организација на Црвен крст „Гази Баба“ - Скопје организираа прием за крводарителите од општина Гази Баба, по повод 17 Март - Денот на крводарителите и Ден на Црвениот крст на Република Македонија.

 

Пред присутните крводарители се обратија раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Емилија Ѓурчиновска и претседателот на Комисијата за крводарителство при ООЦК Гази Баба - Скопје и член на Извршниот одбор на ООЦК Гази Баба, Проф. Д-р Петар Христов.

 

 

На приемот беа поделени благодарници на:

 

Крводарители кои дарувале повеќе од 25 пати

 

• Борче Радески – АСУС Боро Петрушевски

• Зоран Ангелов – Факултет за Безбедност

• Валентина Крупа – АД Алкалоид

• Светлана Младеновска – СЕТУ Михајло Пупин

• Тони Тодевски – АД Факом

• Дарко Спасевски – ЈСП Скопје

• Игор Богдановски – ЈСП Скопје

• Миле Цветковски – ЈСП Скопје

• Часлав Младеновски – ЈСП Скопје

• Дејан Младеновски – ЈСП Скопје

 

Крводарители кои дарувале повеќе од 50 пати

 

• Јордан Јовенов – Земјоделски Факултет

• Зоран Трендафиловски – АСУЦ Боро Петрушевски

• Димко Зафировски – АД Факом

• Мирче Пупков – ЈСП Скопје

• Златко Ѓоревски – ЈСП Скопје

• Благоја Богдановски – ЈСП Скопје

• Ласте Трајчевски – ЈСП Скопје

• Антонио Ѓоргиев – ЈСП Скопје

 

Најдобра работна организација на подрачјето на Општината Гази Баба за 2014 година е МВР – Центар за обука.

 

Најдобро Средно училиште на подрачјето на Општината Гази Баба за 2014 година е СЕТУ „Михајло Пупин“.

 

Најдобра образовна институција од Високото образование на подрачјето на Општината Гази Баба за 2014 година е УКИМ Факултет за ветеринарна медицина - Скопје.

 

Најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на Општина Гази Баба за 2014 година е Проф. Др. Петар Христов од Факултет за земјоделски науки и храна.

 

Општинската организација на Црвен Крст „Гази Баба“ за 2014 год. има планирано да се соберат 2.835 единици на крв, има реализирано 59 акции и има собрано 3.539 единици на крв единици крв. Планот за 2014 година е успешно реализиран со 125%.

 

 


19.03.2015

 

 

 

nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree