Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Донесена Стратегија за информациски и комуникациски технологии (ИКТ)

Донесена Стратегија за информациски и комуникациски технологии (ИКТ) за период 2016 - 2018 година


 

На 38-мата седница се донесе Стратегија за информациски и комуникациски технологии (ИКТ) за период од 2016 до 2018 година.

 

ИКТ стратешкиот план на општина Гази Баба е документ кој обезбедува насоки за тоа каде општината треба да се движи во следниот период во делот на ИКТ и кои се целите кои сака да ги постигне.

 

Тој претставува водич за раководните структури во општината за видот и типот на активности кои треба да ги дизајнираат и имплементираат со цел да ги задоволат своите крајни корисници и други засегнати страни.

 

Главна цел на стратегијата е обезбедување на ефективна поддршка на работењето на општина Гази Баба и задоволување на современите барања на граѓаните и другите релевантни субјекти од јавниот и приватниот сектор.

 

Во наредниот стратешки период општината ќе се стреми кон трансформација во „е-општина Гази Баба“ во согласност со тековните стратешки определби на Република Македонија.

 

Развојот на ИКТ во општината се стреми кон исполнување на важните ИКТ барања во согласност со позитивните закони како законот за електронско управување и законот за заштита на личните податоци, но и според дефинираните методологии за планирање во локалната самоуправа.

 

Остварувањето на ИКТ стратешките цели ќе придонесе кон подобрување и унапредување на условите за живот во општина Гази Баба, проширување и диверзификација на економската база во општината преку зголемување на нивото на инвестиции во општината и создавање на интегрирана локална заедница.

 


27.11.2015

 

 

 

Alle Artikel

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree