Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Фортуна 2009 го освои Бајрамскиот турнир

Фортуна 2009 го освои Бајрамскиот турнир


 

Под покровителство на градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, а во организација на ФК Фортуна 2009, се одржа првиот фудбалски турнир под името „Бајрамски турнир“, наменет за млади категории. На овој турнир продефилираа повеќе од 200 деца, кои беа поделени во две возрасни категории У12 (2003) и У10 (2005).

 

Во генерацијата 2003 играа четири екипи: „Фортуна 2009“, „Фамос“, „Милано“ Куманово и „Маџари“.

Првото место без изгубен натпревар го освои екипата на „Фортуна 2009“, на второто место беше екипата на „Фамос“, а третото место го освои екипата на „Милано“ од Куманово.

 

Во генерацијата 2005 учествуваа: „Фортуна 2009“ (А и Б), „Нова Колонија“, „Маџари“, „Јакупица“ од Велес и Куманово.

И во оваа генерација првото место го освои екипата на „Фортуна 2009“ без ниту еден изгубен натпревар. Второто место го освои екипата на „Нова Колонија“.

 

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен играчот на „Фортуна 2009“, Бехар Фета со 5 постигнати голови.

Наградата за најдобар играч на турнирот му припадна на Џемил Јахии од „Фортуна 2009“.

Наградата за најдобар голман му припадна на Кристијан Ѓорѓиевски од екипата на „Фамос“.

 

По заршувањето на натпреварите организаторот на турнирот направи дружење на кое се подели баклава по повод празникот „Бајрам“.

 

Се надеваме дека ваквите спортски дружења на децата ќе продолжат и во иднина.

 


19.07.2015

 

 

 

Trava Mista Cano Alto

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree