Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Фортуна 2009 со трето место на силниот меѓународен турнир во БиХ

Фортуна 2009 со трето место на силниот меѓународен турнир во БиХ


 

Градоначалникот Тони Трајковски прими во својот кабинет дел од членовите на фудбалскиот клуб Фортуна од Сингелиќ заедно со нивните тренери, како резултат на постигнатите одлични успеси на меѓународниот турнир во БИХ.

 

Eкипата на Фортуна 2009 од Скопје, запиша одличен успех на силниот меѓународен турнир „Респект Куп 2015“ кој се одржа (13 и 14.06.2015) во БиХ.

 

Генерацијата на играчи родени во 2003 година го освои третото место на турнирот, во силна конкуренција, меѓу вкупно 65 екипи учеснички, извонредно репрезентирајќи го македонскиот фудбал.

 

Од индивидуалните награди, членот на Фортуна, Мехмед Бафќари го доби признанието за најдобар фудбалер на турнирот, а за најдобар стрелец беше прогласен уште еден играч на македонскиот тим, Сали Алији.

 

Генерацијата на играчи родени во 2004 година, групата ја мина без пораз, но во четвртфиналето загуби на пенали 3-2 од Респект Калесија. Екипата на Фортуна 2009 во и надвор од теренот беше вистински промотер на општина Гази Баба,. Пред секој натпревар дечињата на овој клуб на противниците им доделуваше рекламен материјал на нашата општина.

 


26.06.2015

 

 

 

Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree