Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Гази Баба изготви Катастар на загадувачи

Гази Баба изготви Катастар на загадувачи


 

Членовите на Советот на 31-вата седница го донесоа Катастарот на загадувачи на територија на општина Гази Баба. Овој документ се изготвуваше околу десетина месеци, во кој учествуваа надворешни стручни лица, вработените во Секторот за животна средина и природата и компании од општината. Главни причинители за загадувањето во општината се индустријата, превозните средства и горивата што се користат за затоплување на домаќинствата.

 

Општината сега располага со комплетна електронска база на сите загадувачи, која ќе ни претставува основа за планираните идни активности, поголема заштита и подобро превентивно делување.

 

Гази Баба е прва општина во Република Македонија, која има изработено катастар на загадувачи. Во базата се опфатени 221 стационарен загадувач, од кои 52,9 % се лоцирани во урбаната средина, 35,3 % во индустриската зона и 11,8 % во руралната средина. Со базата на податоци во електронска форма се опфатени деловни субјекти кои имаат А, односно Б интегрирани екодозволи, како и фирми од производните и непроизводните дејности.

 

Прибирањето на податоците за загадувачите е направено со прашалници, кои беа дистрибуирани до сите идентификувани деловни објекти.

 

Освен за стационираните загадувачи на воздухот, презентирани се податоци и за емисиони количества на загадувачки супстанции во воздухот од домашни ложишта, фугитивни емисии од бетонски бази, бензински пумпи и емисии од мобилни извори, односно од возила.

 

Исто така, опфатени се количините за водоснабдување со санитарна и технолошка вода за деловните субјекти, количините отпадни санитарни и технолошки води и количините опасен и неопасен отпад, генерирани од деловите субјекти.

 

Во документот се прикажани и карти на загадувачи и на загаденост, со цел да се види просторната распространетост на деловните субјекти.

 

Начинот на обработка на податоци и податоците за количества на загадувачките супстанции што се испуштаат во животната средина даваат можност овој катастар да биде основа за поефикасно следење на квалитетот на животната средина, а ке се обезбеди и непосредна контрола на успешноста на превземените мерки.

 

Катастарот е изработен во согласност со Законот за животна средина и со него се опфатени воздухот, водата, отпадот и почвата.

 

За неговата изработка беше задолжена фирмата „Технолаб“.

 

На 31-вата седница на Советот на општината, членовите ги усвоија сите предложени точки на двевниот ред, помеѓу кои е и Катастарот на загадувачи на територија на општина Гази Баба. Овој документ се изготвуваше околу десетина месеци, во кој учествуваа надворешни стручни лица, вработени во општинската администрација и компании од општината. Сега имаме комплетна електронска база на сите загадувачи на наша територија, која ќе ни претставува основ за планираните идни активности, поголема заштита и подобро превентивно делување. Од целокупната анализа се дојде до заклучок дека се лоцирани неколку примарни причинители и тоа, дел се компаниите, дел е користењето на голем број на превозни средства и горивото кое што го користат граѓаните за затоплување во текот на зимскиот период.

 

Врз основа на овие показатели во иднина треба да се разговара како да се влијае на загадувањето, а исто така и со воведувањето на гасификацијата во период од 3-5 години, се очекува во голема мерка загадувањето да се намали.

 

На оваа седница се донесоа исто така важни одлуки, помеѓу кои е и меморандумот за соработка со градот Скопје за реализација на неколку проекти:

 

- Изградба на фекална канализација во населените места Црешево, Смилковци и Виниче

- Изградба на дел од улица „Никола Кипров Мајски“ и улица „5“ во населба Хиподром 2 и

- Изградба на канализациони мрежи за населените места Трубарево, Ергеле, Гоце Делчев, Јурумлери, Нова Колонија, Идризово и Дрма.

 

Се донесе и одлука за отпочнување на Стратегија за информациско–комуникациски развој на општина Гази Баба за период 2015–2019 година, со која ќе се определи правецот на развој на општината, во делот на ИТ технологијата, за следните пет години.

 

На седницата се усвоија и мерките кои во следниот период ќе ги направиме и презентираме пред граѓаните, од аспект на заштита од разни заразни болести, со што се планира голем број на трибини и работилници, каде граѓаните ќе бидат информирани за заедничко превентивно делување за намалување на сите потенцијални болести кои можат да се појават во следниот период.

 


12.05.2015

 

 

 

Chaussures Homme J.M. Weston

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree