Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Градоначалникот Тони Трајковски во утринска програма на МРТ

Градоначалникот Тони Трајковски во утринска програма на МРТ


 

Градоначалникот Тони Трајковски беше гостин во утринската програма на МРТ „Македонија наутро“, со вклучување во живо од Плоштадот во Автокоманда. За гледачите на утринската програма, градоначалникот зборуваше за штетите од врнежите од дожд во изминатите денови на подрачјето на општина Гази Баба, кои се со помал интензитет благодарение на редовното одржување на каналската мрежа во соработка со ЈП„Водостопанство Скопско Поле“ и со отворањето на споредните канали кои поминуваат помеѓу куќите, а граѓаните ги имаа затрупано. Градоначалникот упати апел до жителите, покрај чии куќи поминуваат канали, да не ги затрупуваат, бидејќи така не дозволуваат проодност на каналската мрежа и настануваат поплави на земјоделското земјиште, дворовите и подрумските простории од куќите.

 

 

На прашањето на новинарката дали општината е вклучена во акцијата за помош на поплавените подрачја во Република Македонија, градоначалникот кажа дека е во тек голема акција во целата општина, каде што граѓаните донираат вода и хигиенски средства во сите урбани и месни заедници каде што има секретари, во периодот од 08,00 до 16,00 ч. секој работен ден. Акцијата ќе трае до утре (петок 13.02.2015 год.) но доколку се појави потреба, истата ќе продолжи и во наредните денови.

 

Исто така, во текот на вчерашниот ден, вработените во општинската администрација собираа финансиски средства, со кои ќе се купат хигиенски средства и ќе се достават до погодените општини од невремето.

 


12.02.2015

 

 

 

Casual Παπουτσια

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree