Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Хуманитарна велосипедска тура

Хуманитарна велосипедска тура


 

СОС Детско Село Македонија организираше Хуманитарна Велосипедска тура во Градскиот Парк - кај Школка. Овој настан е поддржан од општина Гази Баба, Град Скопје и Велосипедската Федерација на Македонија.

 

Присутен на настанот беше градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски кој ги поздрави учесниците во овогодинешната велосипедска тура и присутните посетители кои беа дел од денешниот хепенинг и истакна дека овие млади луѓе ни покажуваат на овој начин како треба да се бориме за детските права, особено за оние кои пораснале во СОС детските села или биле дел од семејствата кои спаѓаат во ранливите категории.

 

Познато е дека спортот има моќ да сплотува. Секој успех во спортот не мотивира да инвестираме во него и тоа не само како физичка активност , туку и во градење на позитивно однесување. Младите, Љупчо од Скопје и неговиот другар од Р.Бугарија, Даниел, одлучија да реализираат еден хуман подвиг.

 

Втора година по ред Љупчо и Даниел, штитеници на СОС Детско Село, ја возат хуманитарната велосипедска тура низ осум земји, каде има СОС Детски Села. Велосипедската тура ја започнуваат од Софија, Р. Бугарија и завршува во Имст, Р. Австрија, каде што пред повеќе од шеесет години е изградено првото СОС Детско Село, а ќе извозат околу 2000 km.

 

Пораката која ја пренесуваат Љупчо и Даниел е да се инспирираат луѓето да им помагаат на децата без родители, да им дадат семејство и топол дом.

 


31.05.2015

 

 

 

Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree