Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Изградба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари

Изградба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари


 

Општина Гази Баба започнува со изградба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари низ цела територија на општината.

Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на почетокот на градежните работи за изведба на тротоар на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Автокоманда, каде пред присутните медиуми најави изградба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари на подрачјето на општината, во должина од околу 7200 m, и тоа:

 

- тротоар по улицата „Лазар Поп Трајков“ на потегот помеѓу улиците „Габреш“ и „Бапчор“ во Автокоманда;

- тротоар пред влезот на ОУ „25 Мај“ во Ченто;

- сервисна улица – крак на улицата „Сречко Пужалка“ во Ченто;

- тротоар на улицата „Сречко Пужалка“ во Ченто;

- тротоар на улицата „Палмиро Тољати“ во Ченто;

- нова пешачка патека кај зградите до паркот „Борис Трајковски“ во Ченто;

- санација на пешачка патека во паркот „Борис Трајковски“ во Ченто;

- тротоар на улицата „Перо Наков“ кај Кванташки во УЗ „Кирил Петрушевски“;

- тротоар по улицата кај ЖАС во Керамидница;

- изградба на сквер во Хиподром;

- тротоар по улицата „Карл Либкнехт“ во Триангла;

- тротоар на улица „Антон Велковски“ во Стајковци;

- тротоар на улица Алија Авдовиќ, од Сингелиќ до Стајковци;

- санација на тротоар пред Културниот дом во Булачани;

- пешачки патеки во дворот на ОУ „Наум Охридски“ во Црешево;

- тротоар на улица 10 во Инџиково;

- тротоар на патот Р 103 кај Колонија;

- тротоар на улица 2 кај градинката во Колонија;

- тротоар од мостот до црквата во Јурумлери;

- пешачка патека кај гробиштата во Јурумлери.

 

Работите ќе ги изведува фирмата ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ, а висината на средствата за овие активности изнесуваат 13 милиони денари, од кои општината ќе учествува со 4,5 милиони денари, а останатите финансиски средства се од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 


02.09.2015

 

 

 

Nike Air Force

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree