Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Кампања Лето без пожари

Кампања „Лето без пожари“


 

СВР Скопје по седми пат ја спроведува кампањата против пожари. Во кампањата се приклучи и општина Гази Баба, а целта е да се подигне свеста кај граѓаните и да се воведат рани превентивни мерки и како брзо да се реагира во одредени ситуации при пожари.

 

Во населеното место Стајковци, на случајни минувачи и возачи им се делеа флаери и флаширана вода, а воедно имаа и кратко објаснување за кампањата. Се потенцираше пораката - Водата е за пиење, а не за гаснење на пожари.

 

На настанот присуствуваа градоначалникот Тони Трајковски, началникот на Одделението за превенција во СВР Скопје, Биљана Милевска, началникот на полициска станица Гази Баба, претставници од СВР Скопје и месните заедници од населените места од Стајковци до Раштак.

 

Градоначалникот се приклучи во кампањата со делење на флаери, а воедно разговараше за проектите кои заеднички ќе се реализираат со претставниците од СВР Скопје.

 

Заедничкиот апел од СВР Скопје и градоначалникот Трајковски упатен до граѓаните на овие населени места, е при движење на отворени простори максимално совесно да се однесуваат, да не се предизвикуваат пожари,а доколку некој граѓанин забележи пожар ведаш да се јави во противпожарната бригада и до најблиските месни заедници за да може заеднички да се реагира. Општина Гази Баба формира противпожарна бригада составена од 20-тина луѓе,кои имаат добиено сертификат за справување со пожар, и ќе бидат од помош на противпожарната бригада на град Скопје.

 


25.06.2015

 

 

 

adidas

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree