Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

„Кариерно насочување“ - проект поддржан од Општина Гази Баба

„Кариерно насочување“ - проект поддржан од Општина Гази Баба


 

Едукативниот центар „Да Научиме” во соработка со студентската организација AIESEC и Американскиот Универзитет од Бугарија, поддржан од Општина Гази Баба започна со серија на работилници насловени како „Кариерно насочување”.

 

Kaриерно насочување е проект кој им нуди на младите луѓе шанса да ги идентификуваат своите интереси и способности и со нивно откривање да дознаат во која насока најдобро можат да се развијат и самите да се пронајдат во некое кариерно поле. Преку интерактивни сесиии и работилници тие можат да иницираат дискусии и да развијат критички начин на размислување.

 

Учесниците на овој проект имаат можност да ги поттикнат своите менаџерски, лидерски и креативни способности и истовремено она што го научиле да го применат во “case study“ каде што ќе бидат поделени во групи и најдобрите ќе освојат награда од страна на Американскиот Универзитет во Бугарија и Да Научиме.

 

Проектот е со времетрање од 4 седмици.

 

Следната сесија на работилници е на 10 и 11 октомври каде со свои презентации ќе се престават преставнции од Американскиот Универзитет од Бугарија.

 

Сите заинтересирани млади од Општина Гази Баба може да го пријават своето учество преку контакт формата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 


07.10.2015

 

 

 

Air Jordan 1

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree