Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

КМФ Железарец во ТОП 16 во Европа

КМФ Железарец во ТОП 16 во Европа


 

Футсал клубот „Железарец“ се пласираше во ТОП 16 во Европа, со што влезе во кругот на најдобрите футсал екипи. Со освојување на второто место во натпреварувачката група, обезбедија пласман во „Елитната рунда“ на УЕФА Футсал Купот.

 

По тој повод градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, оствари средба со фудбалерите и претставниците од клубот. Тој им честита за големиот постигнат успех и изјави дека ова е успех за целата држава, на кој треба да бидеме горди.

 

На средбата се разговараше за работењето на клубот и неговите постигнати резултати како и за плановите за во иднина. Градоначалникот Трајковски изјави дека општината постојано ја дава својата поддршка за промовирање на спортот и поддршка на спортските активности и така ќе продолжи во иднина.

 

Се разгледа и можноста за афирмација на футсалот во училиштата во општината, каде што учениците би се мотвирале повеќе да се занимаваат со овој спорт.

 

На 14 октомври во Нион, Швајцарија ќе се направи ждребка, каде ќе се дознаат екипите со кои ќе се натпреваруваат, а и местата каде ќе се играат натпреварите од УЕФА Футсал Купот.

 


08.10.2015

 

 

 

Nike React Element 87

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree