Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Конкурс за доделување на општинска награда Големата Мајка

Конкурс за доделување на општинска награда Големата Мајка


 

Врз онова на членот 50 став 1 точките 13 и 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 05/2002), членот 27 од Статутот на општина Гази Баба („Службен гласник на општина Гази Баба“ број 4/2006), и членот 6 став (1) од Правилникот за начинот, условите и постапката за доделување на награда и признание на Општина Гази Баба („Службен гласник на општина Гази Баба“ број 7/2012), градоначалникот на општина Гази Баба објавува

 

КОНКУРС

 

За доделување на општинската награда Големата Мајка

 

  1. Се повикуваат граѓаните со живеалиште и правните лица со седиште на подрачјето на општина Гази Баба, како и членовите на Одборот за наградата Големата Мајка, да предложат кандидати за општинската награда Големата Мајка.

  2. Предлогот мора да биде во писмена форма со име на предлагачот, име и презиме, образложение и куса биграфија на предложениот. Во предлогот мора да се наведе за која област се предлага доделувањето на наградата.

  3. Предлогот мора да биде адресиран до Одборот за наградата Големата Мајка - општина Гази Баба, преку архивата на општина Гази Баба.

  4. Наградата се доделува за областите: (4.1) култура, (4.2) уметност, (4.3) наука, (4.4) млади и спорт, (4.5) образование и воспитание, (4.6) хуманост и солидарност, (4.7) заштита и унапредување на животната средина и природата, (4.8) аграр, (4.9) стопанство и (4.10) невладин сектор.

  5. Наградата се доделува на физички и правни лица од земјата и од странство, за значајни остварувања од претходната и тековната година, до објавувањето на конкурсот, како и за подолг период на работа и творештво, што заслужуваат внимание на општина Гази Баба.

  6. Наградата се врачува еднаш годишно, а ја врачува градоначалникот секоја година на 3-ти ноември – Денот на општина Гази Баба.

  7. Конкурсот трае заклучно со 16 октомври 2015 година, секој работен ден од 8 до 16 часот.

  8. Наградата Големата Мајка се состои од: статуетка на Големата Мајка, плакета и паричен износ. Паричниот износ на општинската награда Големата Мајка го определува Советот на предлог на градоначалникот.

 

Општина Гази Баба
Градоначалник
Тони Трајковски

 

 

 

 


06.10.2015

 

 

Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree