Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Квиз по противпожарна заштита – Гази Баба

Квиз по противпожарна заштита – Гази Баба


 

По 31-ви пат се одржа квизот по противпожарна заштита во кој учествуваа ученици од основните и средните училишта од општината. Овој натпревар се одржа во ОУ„Крум Тошев“ со покровителство на општина Гази Баба во соработка со Општинскиот противпожарен сојуз Гази Баба.

 

Присутните гости ги поздравија претседателот на општинскиот противпожарен сојуз Миливоје Игњатовиќ, претседателот на противпожарен сојуз на град Скопје Никола Бојковски и градоначалникот Тони Трајковски кој воедно го отвори настанот.

 

Натпреварите се одвиваа во две категории, кадети – за учениците до седмо одделение од основните училишта и јуниори – за учениците од осмо одделение и учениците од средните училишта.

 

По завршувањето на натпреварот, награди освоија:

 

Категорија кадети

 

I место ОУ „Григор Прличев“

II место ОУ „Вера Јоциќ“

III место ОУ „Крум Тошев“

 

Категорија јуниори

 

I место АСУЦ „Боро Петрушевски“

II место СЕТУГС „Михајло Пупин“

III место СУГС „Панче Арсовски“

 


06.11.2015

 

 

 

Air Jordan 1

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree