Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Литературна манифестација „Есен во Гази Баба“

Литературна манифестација „Есен во Гази Баба“


 

Општина Гази Баба,  како генерален покровител, по повод Денот на Општината 3 Ноември, во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, како соорганизатор и ООУ „Григор Прличев“, како традиционален и постојан домаќин на Литературната манифестација „Есен во Гази Баба“, објавува Конкурс за основните училишта од територијата на Општината на тема:

 

„Есеј во есен“

 

Именувањето „Есеј во есен” е поради сродноста на зборовите по звучност, со употреба на стилската фигура параномазија што подразбира значенско зближување на формално слични зборови (блиска звучност).

 

Насока:

 

Порака што ѕвони на слободна тема, лирски запис, на пример, опис на залез, изгрев или друга природна појава, секојдневје и опкружување, видување на себеси во иднината, љубов или презир, ода или критика на својата генерација и се друго што се случува околу нас или во нас.

 

Историјат на есејот:

 

За разлика од другите литературни видови, за есејот се знае кога се појавил: во март 1571 г., од, тогаш, младиот, но идниот голем француски писател Мишел де Монтен (1533 - 1592), кој почнал да ги објавува своите есеи, а четврт век подоцна, во Англија, (независно од Монтен), и Францис Бекон (1561 - 1626), се огласил со прекрасни есеи. Во 1603 г., во Англија, се превеле и есеите на Монтен. Така, се создавал нов литературен вид кој во текот на столетијата добивал автентична форма, именувана како - есеј.

Но, оној на Монтен е најтипичен и се занимава со тематските предизвици: со вистината, со слободата, со омразата, со соништата, со учтивоста и со животот, воопшто, служејќи се со сите расположливи средства: кратка реченица, полетни и звучни зборови, цитати, алузии, психолошки нијанси, духовитост, хумор, фантазија, лирика.

 

Пропозиции:

 

- На конкурсот можат да учествуваат ученици од петто до деветто одделение од основните училишта во Општина Гази Баба

 

- Есеите да не бидат покуси од 700, а ни подолги од 1000 зборови, а се доставуваат на
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
или на адреса: Општина Гази Баба ул. Архимедова бр. 2 - Скопје,

со назнака: За конкурс „Есеј во есен“ најдоцна до 19 октомври 2015 г.

 

- Најдобрите учесници, избрани од стручно жири, ќе добијат дипломи и ќе учествуваат на Литературната манифестација „Есен во Гази Баба“ што ќе се одржи на 30-ти октомври во новата зграда на ООУ „Григор Прличев“ во нас. Железара, во Националниот парк „Гази Баба“ и во Општина Гази Баба.

 

- Тројца најдобри есеисти заедно со своите ментори (вкупно шест), ќе бидат наградени со учество на тридневниот поетски фестивал „Детски лирски треперења“ кое го обезбедува Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, во јуни 2016 г. во Детското одморалиште „Радости“ во Охрид. Истите ќе бидат објавени во алманахот на фестивалот.

 


01.10.2015

 

 

 

 

AIR JORDAN

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree