Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Манифестација Мартинки

Манифестација „Мартинки“


 

Месец март го симболизира доаѓањето на пролетта, на доаѓањето на пролетната енергија. За оваа пригода, традиционално се плетат мартинки исклучиво од црвен и бел конец, со кои се слави возобновената природа.

 

Мартинките се носат на рака, на облека уште од првиот ден во март, за здравје и среќа, а потоа се закачува на првото расцветано дрво кое ќе се види.

Во класичниот изглед мартинката претставува усукани бел и црвен конец, најчестo волнен, каде боите имаат строго определена смисла: црвено – светлост, љубов, живот, а белата – чистота, искреност, среќа.

 

За да се зачува традицијата на нашите предци, четврта година по ред, општина Гази Баба и основните училишта ја организираа манифестација „Мартинки“ каде учениците, во своите креативни работилници изработуваат мартинки, преку кои ги изразуваат своите креативни идеи и способности.

Во просториите на општината се направи изложба од најубавите мартинки од основните училишта.

 


02.03.2015

 

 

 

Wholesale Cheap Nike, Jordans, Adidas, Air Max Shoes China Sale Online

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree