Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Манифестација Натпревар на хорови и оркестри

Манифестација „Натпревар на хорови и оркестри“


 

Во основното училиште „Дане Крапчев“ се одржа натпревар на хорови и оркестри од училиштата од општината, манифестација која е дел од Програмата за култура за 2015 година.

 

Сите хорови и оркестри, под водство на нивните наставници по музичко воспитание имаа подготвено по две музички точки, кои ги изведоа пред голем број на посетители.

 

Сите училишта имаа одлични настапи, а комисијата одлучи да ги награди: оркестарот на ОУ „Дане Крапчев“, под водство на наставникот Ванчо Јовчев и хорот на ОУ „Н.Н. Борче“, под водство на наставничката Весна Трајковска.

 

Оркестрите на ОУ „Дане Крапчев“ и ОУ „Н.Н. Борче“, како и хорот на ОУ „Н.Н. Борче“ на градските натпревари освоија по 100 бода, со што се стекнаа со право да настапуваат на државното првенство, кое ќе се одржи во Кавадарци.

 

Градоначалникот Тони Трајковски на победниците на оваа манифестација им додели Дипломи и парични средства како награди, со кои училиштата ќе купат нови музички инструменти.

 


30.04.2015

 

 

 

Entrainement Nike

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree