Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Меѓународен турнир во одбојка

Меѓународен турнир во одбојка


 

Во спортската сала “Методија Андонов – Ченто“ во н.Маџари започна Меѓународниот турнир во одбојка за девојчиња . Овој спортски настан се одржува за првпат, по повод одбележувањето на 3-ти ноември, Денот на општина Гази Баба.

 

Организатори на турнирот се одбојкарскиот клуб Јанта Волеј и Општина Гази Баба со поддршка од Општинскиот сојуз на училишен спорт .

 

Учесници се одбојкарски клубови од Република Македонија и Република Србија, односно ОК Јанта Волеј, ОК Работнички, ОК Форца Волеј, ОК Планет од Скопје, ОК Виола од Велес и ОК Панда од Република Србија, генерација 2000.

 

Целта на овој турнир е да се промовира спортот, но и да се другарува.

 

Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на отворањето на турнирот , се обрати пред присутните и нагласи овој настан во иднина да биде помасовен и да стане традиционален и им посака среќа и успешна игра на натпреварувачките екипи. Тој изјави дека општина Гази Баба и во иднина ќе продолжи да дава поддршка на спортот и спортските активности.

 

По одиграните натпревари на најдобрите екипи ќе им бидат доделени дипломи, медали и пехари за постигнатиот успех.

 


31.10.2015

 

 

nike air force 1 gingham shoes for women on amazon

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree