Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Нов покрив за ОУ„Наум Охридски“

Нов покрив за ОУ„Наум Охридски“


 

Во основното училиште „Наум Охридски“ во н.м Црешево се одржа свечен настан по повод поставениот нов покрив и санација на училиштето. Овој проект беше реализиран од страна на општина Гази Баба заедно со УСАИД и основното училиште.

 

Градоначалникот Тони Трајковски се обрати пред присутните гости, меѓу кои беа Џенифер Форд воздухопловното аташе на САД, претставници од УСАИД и Американската Амбасада, наставници и соработници на училиштето, претставници од ОУ„26 Јули“ од Шуто Оризари и жители од населеното место, и се заблагодари на УСАИД и ЕУКОМ за континуираната поддршка на проекти во општина Гази Баба кои придонесуваат за услови за учење на учениците.

 

Проектот опфаќаше замена на кровот со поставување на лимен покривач и поставување на изолација, демонтирање и поставување на нова громобранска инсталација, замена на внатрешните врати, санација на подовите и плафоните, се направи молерисување како и уредување на дворот. Училиштето преку проектот за меѓуетничка интеграција во образованието на УСАИД соработува со основното училиште „26 Јули“ од Шуто Оризари и овозможува соработка, дружење и осознавање на културата на другите заедници.

 

Учениците од основното училиште подарија слики кои сами ги сликале на г-ѓа Џенифер Форд, на градоначалникот Трајковски како и на соработниците на училиштето.

 

Градоначалникот на г-ѓа Џенифер Форд и додели благодарница за успешна соработка со надежи дека истата ќе продолжи и во иднина.

 


05.11.2015

 

 

 

Air Jordan

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree