Companies in MGB Business info centar | Invest in mgb  | Стратегии, Програми, Проекти

Источна индустриска зона
Универзитетски кампус
Кружен тек

Нови проекти во општина Гази Баба

Нови проекти во општина Гази Баба


 

Општина Гази Баба, во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во следниот период ќе реализира неколку нови проекти кои се од големо значење за жителите на општината.

 

На денешната средба со жителите од населеното место Инџиково, градоначалникот Тони Трајковски изјави дека проектите се од различна природа, но се однесуваат само на руралната средина. Еден од нив ке се реализира во н.м Инџиково каде ќе се направи комплетна реконструкција на улица 10, каде претходно беше направена фекална канализација и беа поставени приклучоци. На улицата ќе се постави нов асфалт и ќе се изградат пешачки патеки од двете страни.

 

 

Вториот проект се однесува на изградба на улицата „Антон Велковски“ во н.м Стајковци, каде ќе се асфалтира улицата и ќе се постават пешачки патеки, а воедно ќе се регулира и одведувањето на атмосферската вода.

 

Третиот проект е поврзувањето на н.м Сингелиќ со н.м Стајковци каде ќе биде направена комплетно нова реконтрукцуија со поставување на тмосферска канализација, по што ќе следува комплетно асфалтирање на улицата и изградба на пешачки патеки.

 

Вкупната инвестиција на проектите е околу 50 милиони денари, со што во голема мерка ќе се подобрат условите за живеење на жителите од овие населени места.

 


21.08.2015

 

 

 

Sneakers

Политика на квалитет

Ревизорски извештај

Слободен пристап до информации

 

  Работно време: 08:00-16:00
  Приемно време - четврток: 12:00
  +389 2 322 66 55
  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  Архимедова 2

Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. Cookie policy. I accept cookies from this site. Agree